МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 12 јануари 2018 во 22:56
img

„Европа е 100 отсто виновна за креирањето на лажна надеж кај мигрантите“
Еден од начините за спречување на нови мигрантски бранови кон Европа од Африка би можело да биде прекинувањето исраќање помош и воведување санкции.

Тоа го изјави Ања Рингрен Ловен, државјанка на Данска, која својот пат го нашла во Африка, каде им помага на децата кои гладуваат.

Ања неодамна на својот профил на Фејсбук сподели вознемирувачки фотографии од насилствата над мигрантите кои преку северот на Африка, најчесто Либија, се обидуваат да дојдат до Европа.

„Кога нешто ќе се случи во Париз, цел свет се моли. Каде е светот кога вакво нешто се случува во Либија“ – напиша таа под фотографиите.

Ја повика Европа да реагира со тоа што ќе ги притисне африканските влади, но ги повика и медиумите да се позанимаваат со овој проблем.

Едно од решенијата според неа би било Европа да прекине со испраќањето помош и да воведе санкции.

„Европа мора да ги зацврсти надворешните граници и да воведе систем доволно јак за веднаш да ги испрати назад сите оние кои смета дека не се бегалци назад во безбеден камп кој би го финансирала и управувала Европа, каде ќе се чека евентуалната процедура за издавање на виза, а кој би се наоѓал во близина на земјите од кои доаѓаат, на пример Нигерија, Гана, Кенија, Пакистам...Мора да се даде јасен сигнал дека никој не може да помине само затоа што се појавил на границата. Ако таа порука е јасна, границите доволно силни и враќањето назад доволно брзо – токот на мигрантите во Северна Африка брзо ќе се исуши. Никој не може да ги обвинува сиротите мигранти што сакале да пробаат да ја најдат среќата, но Европа дефинитивно може да биде обвинета за немарност при граничните контроли, и тоа со факт дека моментално пропушта голем број на Африканци да влезат. Европа е 100 отсто виновна за креирањето на лажна надеж кај мигрантите и за поттикнување на опасното патување, кое доведува до насилства и смрт“ – нагласува таа.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА