МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 12 јануари 2018 во 21:25
img

Британски хирург со ласер ги впишувал своите иницијали на трансплантираните црни дробови
Британски хирург признал дека со ласер ги впишувал своите иницијали на црните дробови на пациентите кои ги оперирал и поради тоа е казнет парично, и мора година дена да волонтира во корист на заедницата, јавува „АФП“.

Хирургот Сајмон Брамхол признал дека тоа го направил во два случаи, кога на пациентите им трансплантирале црн дроб во текот на 2013 година.

„Тоа што го направи е злоупотреба на позицијата и предавство на довербата која пациентите ја имаа во нас“ – изјавил судијата Пол Ферер на судот во Бирминген. Казнет е со 11.250 евра и едногодишно волонтирање. Судијата појаснил дека операциите траеле неколку часа и дека лекарот бил под стрес поради кој направил “погрешна проценка“.

„Ова е таква професионална ароганција што се граничи со криминал. Знам дека немал намера да им наштети на пациентите, но можело се да се случи“ – изјавил судијата.

Друг хирург ги забележал иницијалите со големина од неколку сантиметри на црните дробови. Брамхол изјавил дека тоа го направил за да ја спушти тензијата во операционата сала. После инцидентите ја напуштил болницата и се вработил на друга локација. Заклучено е дека неговиот потег не влијаел на исходот на медицинскиот третман.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА