МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 12 јануари 2018 во 21:09
img

Мистерија после грабежот во Париз – како успеале да побегнат крадците?
Спектакуларниот грабеж на златара во луксузниот париски хотел Риц-Карлтон и понатаму е тема на светските медиуми.

Петмината маскирани крадци со фантомки, наоружани со секири и веројатно огнено оружје, упаднаа во хотел и украдоа накит вреден четири милиони евра.

Тројца крадци, кои влетаа во златарата Реза, уапсени се при обидот за бегство од хотелот, додека двајца, кои се наоѓале на задниот излез, чекајќи ги соработниците, успеале да побегнат.

Крадците кои побегнале изгубиле една вреќа со накит, но не е јасно како им побегнале на силните полициски сили кои стигнале на местото на грабежот веднаш по јавувањето дека се случува грабеж.

Според еден извештај, побегнале со мотори, а медиумите наведуваат дека еден користел мотор, а другиот автомобил.

Потврдено е дека крадците се од парискиот кварт Сен Дени, а се претпоставува дека се ситни криминалци, кои се испратени да соберат пари за терористи.

Сведоците раскажуваат за паниката која настанала во хотелот, мислејќи дека станува збор за терористички напад.

„Видов мажи со пиштоли и тогаш мојата единствена цел беше да излезам оттука. Излегов низ барот, побегнав, и трчав колку што ме држеа нозете, се најдов во подрум и продолжив да трчам, иако не знаев каде се наоѓам. Не знаев што се случува, мислев дека станува збор за напад“ – изјави една девојка која била во хотелот Риц.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА