МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 12 јануари 2018 во 20:07
img

Две лица повредени во сообраќајка кај Отља
Две лица се повредени во директен судир на два автомобила со кумановски регистарски ознаки на регионалниот пат Куманово-Матејче во село Отља, Липковско, информираше СВР Куманово.

Во сообраќајната несреќа, што се случи денеска околу 16.30 часот на мост во селото, учествувале два автомобила „фолксваген венто“ управуван од 46-годишниот А.М., кој се движел кон Куманово и „форд фиеста“ управуван од 22-годишниот С.Н., кои директно се судриле. Возачот и совозачот во „форд фиестата“ се пренесени во кумановската болница каде им се констатирани телесни повреди.

СВР Куманово изврши увид во сообраќајната несреќа. Сообраќајот на овој регионален пат беше во прекин речиси два часа, по што е нормалнизиран. /МИА

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА