МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

четврток, 14 септември 2017 во 09:53
img

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната влада изгради 10 километри магистрален пат Радовиш-Струмица
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 8,5 милиони евра изгради 10 километри магистрален пат Радовиш-Струмица.


Владата на Заев за само 100 дена расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви. Со овие пари можеше да изгради околу 41 вакви магистрални патишта.

СДС не само што не изгради ниту еден магистрален пат, туку и парите на граѓаните ги потроши на луксузирање на неговите партиски војници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Неспособната и алчна Влада на Зоран Заев ќе биде казнета и поразена на 15-ти октомври.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА