МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 19 мај 2017 во 22:57
img

На Истанбул му се заканува разорен земјотрес
Научниците и Обединетите нации предупредуваат дека Истанбул наскоро би можел да биде погоден од екстремно силен земјотрес со магнитуда од 7.5 или 7.7 степени според Рихтеровата скала, кој во најлош случај може да усмрти меѓу 70.000 и 90.000 луѓе.

Епицентарот на овој земјотрес во Северната анатолиска тектонска зона во Турција би можел да биде веднаш до овој мегалополис, кој има 15 милиони жители.

Она што ги загрижува научниците е проценката дека предупредувањето за потресот би можело да дојде само неколку секунди пред тресењето на тлото.

turska istanbul mapa mramorno more

Се зависи од тоа колку силно се испреплетени тектонските пличи и каде ќе се случи најсилниот удар.

Истражувањето на Марк Бонхоф од Германскиот институт за геонаука покажува дека идниот голем земјотрес би можел да се случи во истанбулското источно Мраморно море, наведува „Дејли Меил“.

„Тоа во исто време е добра и лоша вест. Добра, бидејќи во тој случај ширењето на расцепот би одел подалеку од градот спрема исток, а лоша бидејќи предупредувањето ќе дојде само неколку секунди пред земјотресот“ – наведува Бонхоф.

Istanbul

ОН проценува дека потресот со магнитуда од 7.5 и 7.7 степени според Рихтеровата скала во најлош случај, ќе убие меѓу 70.000 и 90.000 луѓе.

Се проценува дека трошоците за штетата би изнесувале околу 40 милијарди долари, а без дом би останале 500.000 до 600.000 луѓе.

Во таа тектонска зона не се случил посилен земјотрес од 1766 година, но според историските описи таа се шири секои 250 години.

Последниот земјотрес во Истанбул бил со магнитуда од 7 степени според Рихтер, а се случил 1894 година. Тогаш загинале 1.349 лица.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА