МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

петок, 19 мај 2017 во 19:23
img

Меркел: Британија ќе ја “плати цената“ после излегувањето од ЕУ
Германската канцеларка изјави дека на ЕУ ќе и бидат потребни механизми за соочување со новите прописи кој после Брегзит би можеле да ја нарушат конкуренцијата во Британија.

Ангела Меркел процесот за преговори за Брегзит го спореди со договарањето на трговски договор.

Таа на конференцијата за семејни компании изјави дека Британија “ќе ја плати цената“ на напуштањето на Унијата доколку не дозволи слободно движење на граѓаните на ЕУ.

„Ќе видиме како тоа ќе го постигнеме“ – изјави Меркел.

Таа изјава беше во склад со претходните коментари кои најавија поостри тонови од Берлин за Брегзит.

Меркел додаде дека Британија кога ќе ја напушти ЕУ ќе може да усвои сопствени стандарди за заштита на животната средина и заштита на потрошувачите.

Почетокот на преговорите за излез на Британија од ЕУ се очекува следниот месец.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА