МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

понеделник, 20 март 2017 во 20:34
img

Русија ќе гради нов носач на авиони за 90 авиони и 4.000 членови на екипажот
Се повеќе се оформува концептот за изгледот носачот на авиони “Storm”, кој може да биде изграден не само за ВМФ на Русија, но и за други земји.

За него веќе е дефиниран изгледот и се објавени првите бројки.

Тој е наменет за 90 авиони и 4.000 членови на екипажот, соопшти онлајн изданието rusvesna.su.

Државата се уште не дала зелено светло за почеток на проектот, а по светските норми за конкретните проектни работи, вклучувајќи развој на проектот, технички и работни карактеристики, се потребни не помалку од 3 години, а самата изградба на бродот ќе потрае не помалку од 6 години.

Сосема извесно е дека изградбата на “Шчорм” ќе биде доверена на “Севмаш” во Архангелск.

Фабриката има најмногу и најголеми производствени капацитети и искусни работници и колосално искуство при модернизацијата на авионосачот “Викрамадит” за морнарицата на Индија.

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА