И денеска редици од македонски граѓани за вакцинација во Србија

Во спортската сала во Врање и денеска има голем број граѓани на Северна Македонија за вакцинација, јави дописникот на МИА од Белград.

Поради големиот интерес на македонските граѓани за вакцинација без закажување пред спортската сала во Врање поставени се чадори и резервоар за вода. Редици се формираа веднаш по отворањето на главниот пункт за вакцинација, а поради гужвата деновиве, бројот на медицински работници во спортската сала е зголемен.

Бесплатната вакцинација за македонските граѓани почна на 5 јуни и ќе продолжи во наредниот период, соопштија од Здравствениот центар во Врање. Оттогаш, според нивните податоци, вакцинирани се 2.218 граѓани, односно над 3.323 од почетокот на имунизацијата, што претставува повеќе од 10 отсто од вкупната вакцинација во Врање. Вчера, бројот на вакцинирани граѓани од Македонија беше 692 лица.

-Оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, истакна директорката на Здравствениот центар во Врање, д-р Љиљана Антиќ. Информира дека најмногу се вакцинираат со вакцините на „Синофарм", а во помала мера со „Фајзер".

Покрај Врање, бесплатната вакцинација денеска продолжи и во Ниш. Како што јавија „Нишке вести", пред салата Чаир има ред на македонски граѓани за вакцинација.

Од Здравствениот центар во Ниш потврдија дека вакцинацијата ќе продолжи и во наредните денови. Повеќето од македонските граѓани се одлучиле да ја примат вакцината на „Фајзер".

-Секој ден очекуваме меѓу 50 и 100 лица од Македонија. Во моментов, нема гужва и ако се појави поголем интерес за вакцинација, ќе ги засилиме тимовите, изјави Милорад Јеркан, директор на Здравствениот центар во Ниш.

Голем број Македонци се очекуваат за десет дена кога треба да пристигнат за ревакцинација оние што пред три месеци се вакцинираа со вакцината на „Астра зенека".

-Сите оние кои пред три месеци беа да ја примат Астра/Зенека треба да дојдат од 18 до 21 јуни на ревакцинација. Тоа е акцијата кога Регионалната стопанска комора организираше вакцинирање на македонските бизнисмени. Тогаш очекуваме 5700 луѓе. Никој што ќе дојде од Македонија, нема да биде вратен без вакцина. Важно е само оптоварувањето на здравствените домови во Лесковац, Врање и кај нас, да биде рамномерно, порача директорот на Здравствениот центар во Ниш.

Вчера, Регионалната стопанска комора на Крушевац организираше вакцинирање на 100 вработени од компанијата „Кромберг и Шуберт" од Македонија.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер