ОТВОРЕНА ПРОГРАМА на Канал 5

Најпознатите водителски имиња од контактните програми во Македонија, оваа сезона, во рамките на ОТВОРЕНАТА ПРОГРАМА на Канал 5, секој работен ден од 7 до 14 часот, со здружени сили, Ве „напаѓаат“ со неодоливи содржини. Студијата на телевизијата се отворени за гледачи од сите генерации кои копнеат да го почувствуваат, тестираат, дегустираат, коментираат, сето она што се случува во живо пред илјадниците приврзани телевизиски гледачи кои оваа екипа ја доживуваат како свое семејство.

Екипата составена од Роберт Јанков, Ване Маркоски, Билјана Дебарлиева, Бубе Јаневска, Јелена Спенџарска и Анастасија Богданоска, ве поканува редовно да не’ следите во: „Здраво Македонијо“, „Визита“, „Најдобрите совети“, „Генерациски дуели“, „Сите таленти на Македонија“, „Промоција со емоција“,„Ексклузивни интервјуа“, „Неодложна акција“, „Изненадувања“ итн.