Богато лето

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО КВИЗОТ „БОГАТО ЛЕТО“

Право на учество во квизот имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија кои во текот на емитувањето на квизот во терминот помеѓу 16:30 и 18 часот од понеделник до петок на Канал 5 телевизија ќе се јават во живо во програма на една од обичните телефонски линии 02-30-91-55 или  02-61-52-900 по редовна цена на телефонскиот импулс. Доколку гледачот одговори точно на поставеното прашање од страна на водителот,  ја добива наградата што претходно детално ја опишал водителот на емисијата. Доколку гледачот во одговарањето на прашањата користи помош од гостите во студиото, ги дели поените со нив и по завршувањето на играта избира подарок од прикажаната табела со подароци од која може да избере само награда соодветна на бројот на неговите поени. Добитниците на сите награди се должни своите подароци да ги подигнат од просториите на Канал 5 телевизија најдоцна 30 дена од денот на добивката. После овој рок, Канал 5 не сноси одговорност за наградата.

Секој гледач што се јавува во квизот добива  можност и да прогнозира сума –да погодува колку пари се кријат во ковчежето кое е составен дел на сценографијата на квизот. Секој ден ковчежето крие различна сума пари која се движи  помеѓу 20.000 и 60.000 денари. Гледачот што ќе ја погоди сумата има право во противвредност на погодената сума да избере една или повеќе награди кои во квизот се именуваат како главни награди. Канал 5 телевизија е должна во рок од 30 до 60 дена да му ги испорача т.н главни награди на добитникот.