2321
2
ФИРОМ ги загрози односите ЕУ – Македонија
Партнерските односи меѓу европската унија во Скопје и секретаријатот за европски прашања се соочуваат со сериозни пречки. Канал 5 дознава дека причината за нарушената комуникација меѓу канцелариите на Евроамбасадорот Фуере и вицепремиерот Наумовски е именувањето на земјава во писмените и промотивните материјали кои ги издава европската комисија во Скопје. Според дипломатски извори во Скопје печатените материјали кои биле спонзорирани од канцеларијата на ЕУ наместо уставното име ја содржат референцата ФИРОМ. Поради тоа Во два наврати еднаш во декември еднаш на почетокот на годинава наместо да бидат дистрибуирани до медиумите и јавноста материјалите биле вратени на тимот на Фуере без никакво објаснување. Канцеларијата на европската комисија во Скопје тврди дека односите со секретаријатот за европски прашања се во најдобар ред и функционираат беспрекорно. Сепак дипломати од членки на унијата брифираат за писмо со жесток вокабулар во кое Фуере навреден од однесувањето на секретаријатот се заканува со нарушување на партнерските односи доколку не прекинат инцидентите меѓу двете институции. И од секретаријатот со тврдење дека нема проблеми со канцеларијата на Европската комисија. Од таму се вели дека Ситуацијата која се случила минатата година била резултат на одредени недоразбирања, во блиска соработка со Делегацијата на Европската унија во Македонија е надмината. Секретаријатот за европски прашања е во постојана комуникација со Делегацијата со што се зацврстуваат меѓусебните односи. Канал 5 дознава дека и неколку други државни институции согласно со владин заклучок од пред 6 години ги вратиле и во иднина ќе ги враќаат сите писмени материјали на тема еу се додека во нив стои референцата ФИРОМ. Неофицијално во европската комисија ги разбираат фрустрациите на македонските институции но и мора да ги следат сугестиите на своите шефови во Брисел кои се под жесток притисок на грчката дипломатија..
09.03.2010, 18:25
Коментари
Објавено на 10.03.2010, од spase
Објавено на 09.03.2010, од Миле-Охрид