2707
10
Австралиска логика – Горан Пандев Бугарин
Горан Пандев е Бугарин. Вака го претстави најгледаната австралиска телевизија ФОКСТЕЛ, најдобриот македонски фудбалер. Во спортска емисија при анализа на составот на ИНТЕР, Тимот каде сега игра Пандев - етничкиот идентитет на фудбалерот е напишан како бугарски. Новинарот ги претставува сите играчи, но ниту една друга грешка за идентитетот на фудбалерите не е направена. Информацијата за оваа објава ја пренесе радио ЗЗЗ од Мелбурн. сопственикот Ицо Најдовски за Канал 5 вели оти ова е голем скандал. Ужаснат е што досега ниту една македонска организација не реагирала за случајот.
Ваков скандал не смее да се дозволи бидејќи Горан Пандев е личност со меѓународно значење и тежина за македонскиот народ секаде во светот не само во РМ. Така да не смее да дозволат Македонците во Австралија да не реагираат и да молчат за ова бидејќи тие се должни на ваквите пропусти да реагираат, вели Ицо Најдовски Македонско радио во Мелбурн.
ФОКСТЕЛ е најгледана, но и телевизија со најголема доверба меѓу Австралијците. Важи за угледен и точен медиум. Чуди што грешката е направена за Пандев, кој е многу познат европски фудбалер а важи и за еден од најдобрите голгетери во Италија. Клубот за кој сега игра е еден од клучните во лигата на шампиони. Дали по негирањето на јазикот и на нацијата сега се удира по македонскиот идентитет преку најдобриот македонски фудбалер. Го побаравме уредникот на телевизијата Адам Суклинг на која се емитуваше емисијата. Не го добивме поради временската разлика.
,,Ја добивте канцеларијата на ФОКСТЕЛ телевизија во Сиднеј. Нашето вообичаено време за работа е од 8 до 18 часот секој ден од понеделник до петок.
Македонската дијаспора во Австралија ќе бараат телевизијата јавно да се извини за грешката и да ја објави корекцијата. За случајот ќе ги известат и австралиските власти затоа што станува збор за груба негација на македонскиот народ и идентитет и тоа преку познат македонски фудбалер.
Ѓорѓи Томиќ
09.03.2010, 16:24
Коментари
Објавено на 10.03.2010, од Дејан
Објавено на 10.03.2010, од piki
Објавено на 10.03.2010, од jane
Објавено на 10.03.2010, од Realen
Објавено на 10.03.2010, од mume
Објавено на 10.03.2010, од spaski
Објавено на 09.03.2010, од крис
Објавено на 09.03.2010, од Goce
Објавено на 09.03.2010, од liljana pejoska
Објавено на 09.03.2010, од MILAN