Рускиот нафтен гигант теба да им плати речиси 3 милијарди долари на Украинците

Големата  руска компанија за гас, Гаспром денеска  објави дека се согласува да плати 2,9 милијарди американски долари на украинската компанија за гас Нафтогас за да стави крај на долгиот спор пред меѓународен суд.

Москва и Киев постигнаа договор оваа недела за продолжување на рускиот транзит на гас кон Европа преку Украина. Постојниот договор истекуваше на 31 декември.

Како дел од договорот, извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, објави дека неговата група се согласила да плати казна од 2,6 милијарди долари (2,9 милијарди американски долари со камати), според одлуката во февруари 2018 година на арбитражниот суд во Стокхолм, јавуваат руските агенции.

Според Алексеј Милер, Нафтогас за возврат ги повлекува сите други тужби поднесени пред меѓународните судови.

Нафтогас ќе добие 2,9 милијарди американски долари до крајот на годината, а украинскиот министер за енергетика Олексиј Ориел изрази задоволство во Киев, потврдувајќи дека Нафтогас ќе ги повлече другите тужби.

Досега, лошите украинско-руски односи спречија склучување нов договор за транзит на рускиот гас преку Украина.

Договорот треба да биде потпишан до 29 декември, а ќе покрие период од пет години и „во првата година, минималната загарантирана количина ќе биде 65 милијарди кубни метри и 40 милијарди во следните четири години“, рече Орјел.

Киев, Москва и Европската унија преговараа и се договорија во четврток во Берлин и во петок во белоруската престолнина Минск.

Договорот ја отстранува заканата од нова гасна војна што ги карактеризираше односите меѓу Украина и Русија во 2000-тите. И постојниот договор беше потпишан по последната криза со гас што го наруши снабдувањето со гас во Европа во почетокот на 2010 година.

Иако Европа е многу зависна од рускиот гас (35 проценти од нејзината потрошувачка), таа е многу помалку зависна од украинскиот транзит, кој е намален за 40 проценти во последните петнаесет години по изградбата на гасоводи што ја заобиколат Украина.

Галант: Половина од командантите на Хезболах загинале од 7 октомври

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант тврди дека од 7 октомври 2023 година во израелските напади се убиени половина од командантите на Хезболах во јужен Либан, додека добар дел од нив сега ги напуштаат своите позиции.

„Нашата главна цел беше и останува да создадеме поинаква безбедносна ситуација овде (во близина на сината линија која ја повлекоа Обединетите нации) и дека жителите на северен Израел можат безбедно да се вратат во своите домови. Во овој поглед, разгледуваме неколку решенија“, изјави Галант. /МИА

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

притисни ентер