Брена им одговори на хрватските генерали : Не го веев југословенското знаме

Пејачката Лепа Брена минатиот викенд одржа два незаборавни концерти во „Загребска арена“, а илјадници луѓе ја пееја секоја нејзина песна .

Како и да е, неколку дена подоцна, четворица пензионирани хрватски генерали во соопштение за медиумите изразија разочарување од фактот дека „југословенските знамиња со петкрака sвезда под кои се извршени безброј злосторства против хрватскиот народ“ биле веени на концертот и прашаа дали е можно да биде социјално прифатливо и да не е казниво да се мавта со криминални знамиња среде хрватската престолнина.

По премиерата на „Убавиот проект на Брена “ во средата во белградскиот театар „Битеф“, Брена ја коментираше нивната позиција и негираше дека југословенски знамиња се вееле на концертот.

- Да беше така , не би имала два концерта во Арената. Мене местото ми беше таму затоа што јас сум роден во таа земја, таа земја ме создаде. Дојдов со порака за љубов и мир, ова е 21 век и ние во овој век треба да бидеме паметни, мудри и толерантни. Треба да бидеме составен дел од светот. Дојдов со тим од 120 луѓе и покажав што правам во последните 40 години и имав поддршка од 30 илјади луѓе. Мислам дека реков доволно. Не мавтав со југословенско знаме. Тој концерт се одржа во Белград, репризата беше во Загреб. На моите знамиња се напишани моите иницијали „ЛБ“ и на нив е напишано „Ајде да се сакаме“. Јас не се занимавам со политика и ја вршам мојата работа многу сериозно и на достоинствен начин - рече таа за Блиц.

На фотографиите објавени од концертот во хрватските и српските медиуми, како и на профилот на Инстаграм на Брена, воопшто не се гледаат знамињата на некогашната држава со петокрака, туку исклучиво црвени знамиња украсени со буквите Л и Б.

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер