Голема загуба за НАСА : Се враќа назад денеска лансираната вселенска капсула (ВИДЕО)

Новата вселенска капсула „Боинг Старлајнер“ ќе биде вратена на Земјата во рок од 48 часа и нема да ја исполни својата мисија за слетување на Меѓународната вселенска станица (ISS), објави денеска Боинг неколку часови по лансирањето на капсулата.

Тоа претставува голем удар за компанијата и за НАСА откако беспилотната ракета Старлајнер беше лансирана утрово од Кејп Канаверал, Флорида, но во уредот за тајминг се случил дефект откако ракетата била раздвоена, изјави на НАСА Џим Бриденштајн на прес-конференција во вселенскиот центар Кенеди.

„Поради таа аномалија, авионите имаа различно време од реалното “, објасни тој.

Автоматски пилот на „Старлајнер“ се обиде да го репозиционира леталот , но во тој маневар ракетата трошеше премногу гориво, додаде тој.

Инженерите на Боинг го поставија леталото во нова орбита.

„Ова ќе ни овозможи да го вратиме во рок од 48 часа“, рече Џим Чилтон, потпретседател за вселенската програма на Боинг.

Локацијата White Sands , каде што ќе треба да слета леталото се наоѓа во државата Њу Мексико. Сè уште не е познато како овој неуспех ќе влијае на натамошниот развој на програмата. Тоа беше првиот обид да се лансира ваков тип на капсула.

Старлајнерот, во кој можат да се сместат седум астронаути, треба да пренесе астронаути на НАСА на ISS почнувајќи од следната година, заедно со конкурентското вселенско летало Crew Dragon на компанијата на Илон Маск , Space-X , кое беше успешно лансирано во март.

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

притисни ентер