3.000 евра казна за ВМРО-ДПМНЕ поради напуштање на судницата за време на рочиште

Судијата Осман Шабани кој го води предметот Талир за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ на денешното рочиште ја казни партијата со 3000 евра.

Казната дојде откако претставникот на партијата во судница Димче Арсовски на почетокот на рочиштето посочи дека еден од поротниците имал 60 години и повеќе не смеел да ја извршува функцијата судија – поротник но и дека имал политички ангажман. Судијата Шабани му одговори дека судницата ја помешал со Собрание и дека не се дозволени политички говори. По ова Арсовски рече дека ќе го напушти судењето за што беше предупреден дека ќе сноси последици како претставник на правното лице ВМРО ДПМНЕ.

Судијата им посочи на адвокатите барањето за изземање на судија поротник да го достават писмено, а Арсовски во изјава за медиумите тврдеше дека поротникот е член на политичка партија која е дел од владејачката коалиција што според него е причина за негова пристрасност. За неотповикувањето на поротникот обвинувањата ги упатија на адреса на претседателот на Кривичниот суд.

-Господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. За жал сеуште претседател на судот Иван Џолев кој сметаме дека главниот извршител на Зоран Заев во вој суд нема поднесено иницијатива иако господинот Митко Сандев има навршено 60 години, до Републичкиот судски совет за престанок на мандатот и веќе повеќе од јасно е дека се работи за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, вели Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Реагираа и од владејачката СДСМ од каде велат дека ВМРО ДПМНЕ е таа која продолжува да врши притисок врз судството, да кажува како треба да работат и да одлучуваат правосудните институции во предмети во кои е инволвирано и самото ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот Талир меѓу обвинетите се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески и Илија Димовски, а како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

притисни ентер